Технички карактеристики на Ecoter-Cellular Lightweight Concrete
Униформната поставеност на стабилни микромеури од техничка пена добиена од Silofil агенс за пена, низ целиот волумен на материјалот, ги дава основните својства на Ecoter-Cellular Light Weight Concrete. Ваквата внатрешна структура на малтерот ги гарантира неговите изолаторски својства: одличен термоизолационен и акустичен материјал, многу ниска апсорпција на влага од околината, паропропустливост, лесно обработлив материјал, незапалив, отпорен на инсекти, не гние, не старее, лесно се рециклира.
Во зависност од неговата густина наоѓа различна примена:
- како изолаторски материјал (од 200кг/м³ до 500кг/м³)
- како градежно-термоизолационен материјал (од 600кг/м³ до 1000кг/м³)
- како градежен материјал (од 1000кг/м³ до 1600кг/м³).
Поради неговата структура овој материјал не се поставува за завршен слој, туку бара соодветна доработка во зависност од местото на примена.
Можностите за користење се големи и разновидни, а исто така и економскиот бенефит од употреба на Ecoter - Cellular Light Weight Concrete е очигледен и задоволувачки.
Заради природата на самиот материјал заштедите за греење и ладење на просториите се до 30% поголеми, оптеретувањето на носечката конструкција е 2-3 пати помало во однос на обичниот бетон.
При производство на самиот материјал не се одвива никаква хемиска реакција, освен хидратација на цементот, не се забележани никакви штетни испарувања, како при самото производство така и подоцна при користење на материјалот, па затоа велиме дека е еколошки производ кој не влијае штетно ниту на луѓето ниту на околината.
Овој градежен производ може да се подготви во широк дијапазон на густини од 200 кг/м³ до 1800 кг/м³ и топлинска спроводливост (d=10mm): 0.065-1W/mk.
Употреба на лесен бетон Ecoter Cellular Light Weight Concrete
Според својствата што ги поседува овој материјал како одлична термо и звучна изолација, релативно висока јачина на притисок, мала густина и огноотпорност, може да најде примена како:
- материјал за изработка на подни кошулици и заливање на цевките на доводни инсталации,
- материјал за изработка на подни кошулици пред поставување на подно греење,
- изработка на рамни покриви чиј наклон не надминува 15 степени,
- израмнување на нерамни тавански конструкции
- изработка на ѕидови, како за носиви така и за неносиви конструкции,
- изработка на монолитни ѕидови,
- изработка на цигли
- изработка на термоизолациони плочи
- изведба на заливки на тунели итн.
Поставување на кошулица од Ecoter Cellular Light Weight Concrete лесен бетон
При изработка на монолитна кошулица со Ecoter - Cellular Light Weight Concrete, треба да се внимава на следново:
- Подлогата на која ќе се нанесува лесниот бетон треба да биде убаво исчистена и обеспрашена. Обеспрашувањето се прави со навлажнување на самата површина со вода, притоа се внимава да не се направат бари кои подоцна можат да влијаат на квалитетот на самата кошулица.
Доколку подлогата се состои од материјали кои не апсорбираат вода не е потребно навлажнување. - Доколку има инсталациони цевки кои ќе бидат залиени со самата кошулица, истите треба да бидат добро фиксирани за подлогата.
- На страничните ѕидови треба да се фиксира флексибилна лента, која нема да дозволи пренесување на бучавата од подот на ѕидовите, а со тоа ќе биде задоволен условот за апсорпција на бучавата во самата кошулица. Подоцна истата се сече барем еден сантиметар над кошулицата.
- Означување на нивото до кое ќе биде нанесена Ecoter - Cellular Light Weight Concrete кошулица може да се направи со поставување на нивомери или со ставање на држачи и летви на потребната висина.
Препорачана висина е минимум 5 см и барем еден сантиметар повисоко од инсталационите цевки.
5. При изработка на кошулица со Ecoter - Cellular Light Weight Concrete се добива површина на која може директно да се изведе поставување на завршен слој или да се пристапи кон монтажа на подно греење и изведба на завршен под.
Со имплементација на кошулица од Ecoter - Cellular Light Weight Concrete се добива под кој ќе има за неколку степени повисока температура во однос на класичната кошулица.
Самиот материјал има самонивелирачки својства така да порамнувањето се одвива многу лесно со помош на алуминиумска летва.
6. Доколку температурата е пониска од 5°C избегнувајте подготовка на лесен бетон и изработка на кошулица со Ecoter - Cellular Light Weight Concrete.
7. При изработка на кошулица со лесен бетон Ecoter - Cellular Light Weight Concrete треба да се внимава да нема провев во просторијата, да нема директна изложеност на сончеви зраци и ниски температури, за да не дојде до нагло сушење на површината, нејзина дехидратација и површинско пукање.
Можност да се движите по самата кошулица имате од 24-72 часа по изведбата, во зависност од надворешната температура и тип на кошулица, додека со следните фази на градба може да се продолжи по 7-10 дена.
8. Во текот на подготовка на самиот материјал строго да се придржува до насоките дадени во Техничкиот лист за производот и упатството за употреба назначено на самиот производ.
9. За секоја апликација различна од наведеното во оваа Упатство за употреба слободно обратете ни се за техничка подршка и помош на телефон за контакт 071/323-120.
Употреба на лесен бетон од Ecoter - Cellular Light Weight Concrete како термоизолациона заливка при изведба на цементна кошулица и поставување на подно греење
Подготовката на материјалот од Ecoter - Cellular Light Weight Concrete се одвива под надзор на стручно оспособена екипа по строго утврден ред на мешање на суровините, задолжително следејќи ги упатствата дадени во Техничкиот лист на самиот производ, без отстапување од дадениот сооднос на суровини за да се задржат својствата на материјалот и истиот да може да се користи како термоизолационен материјал при изработка на цементни кошулки и поставување на подно греење.
Употреба на Ecoter - Cellular Light Weight Concrete како подлога за систем за подно греење
Подготовка на подната површина за поставување на подно греење со вградување на Ecoter - Cellular Light Weight Concrete лесниот бетон, подразбира изведба на систем за подно греење каде што долниот слој е со извонредни термо и звучно изолаторски својства, добивање на работна површина која е цврста, рамна, водонепропусна. Предноста секако е и во едноставната изведба на самата кошулка, можност веќе после неколку дена да може да се продолжи со следните чекори за изведба на целиот систем за подно греење. Препорачана минимална дебелина на слојот од лесен бетон е 5см.
Употреба на Ecoter - Cellular Light Weight Concrete
лесен бетон за коси и рамни кровови, пополнување на напуштени тунели и канализациони цевки, стабилизација на земјени површини под мостови и покрај патишта
Подготовка на материјалот за изработка на рамни и коси кровови се одвива исто како и за изработка на кошулици, при тоа треба да се следат дадените упатства и насоки во Техничкиот лист на производот. Пред нанесување на слојот од лесен бетон Ecoter - Cellular Light Weight Concrete основата треба да е чиста и навлажена со тенок слој вода. Затоа што самиот материјал има добри самонивелирачки својства и одлично го исполнува целиот волумен, по нанесување на слој од лесен бетон се добива компактна површина со одлична цврстина. На добиената кровна површина може веднаш да се вгради завршниот горен слој. Поради природата на самиот материјал кој се состои од стабилни затворени пори збиени едни до други и целосно исполнување на сите шуплини се добива кровна површина која има одлична термо и звучна изолација, водонепропусна и со трајна непроменливост на сите технички карактеристики.
Апликацијата на лесен бетон е можна на секаков вид на површина нерамна, груба, оштетена, брановидна. Особено оваа можност е предност при реконструкција на стари кровни површини, каде што нема потреба од одстранување на стариот слој.
Доколку зборуваме за поправка на кров од лесен бетон Ecoter - Cellular Light Weight Concrete тогаш зборуваме секогаш само за поправка на горниот завршен слој. Самата изведба ја елиминира употребата на тешка градежна опрема и кранови, до висина од 30м се храни само со црево. Препорачана минимална висина е 5 см.
Доколку е потребно да се исполнат стари запуштени тунели и канали, стабилизација на земјиштето покрај канали и под мостови, истата постапка се изведува директно на самата површина без некои значајни предходни подготовки. Ако се работи за поголеми површини, истите се делат на помали полиња за работа, за да може да се постигне одредена висина и да се спречи истекување.
Доколку апликацијата на лесен бетон Ecoter - Cellular Light Weight Concrete е поинаква од се што е досега изложено како употреба или е назначено во упатството за употреба или Техничкиот лист на материјалот, слободно може да ни се обратите за техничка подршка на тел.бр.071/323-120.