За СИЛОТЕР
SILOTER е компанија за производство на градежни материјали, основана со приватен капитал, која со текот на годините прерасна во современа и модерна фабрика. Компанијата располага со широка палета на производи за ѕидање, малтерисување, лепење, хидроизолација, порамнување и декоративна завршна обработка.
Нашата приказна
- Современа фабрика за градежни материјали
- Производи за домашниот и поширокиот пазар
- Производи потврдени од реномирани лаборатории
- Развој преку имплементирање современи технологии
- Квалитет како формула за успех
NO DUST технологија
Како општествено одговорна компанија, SILOTER се грижи за животната средина и воведува современа NO DUST технологија, со цел почиста, побезбедна и поефикасна работа — од производство до складирање и примена.
Академија Силотер
Академија Силотер е само еден дел од целокупниот систем на Силотер. Ја креиравме академијата бидејќи се повеќе има недостиг на кадар во градежната индустрија. За успешна апликација на нашите материјали фали обучен кадар. Со министерството за образование и центарот за обука на возрасни заедно го започнавме овој проект. Право на пријавување имаат сите лица кои имаат наполнето 18 години и имаат завршено основно образование. Веруваме дека наука ке допринесе за поуспешно работење во делот на градежништвото, и затоа се трудиме да допринесеме во истото. Обуките се бесплатни и се одржуваат после работно време со цел да можат да слушат кои и да сака. Со обучени професори и искусни квалификувани мајстори кандидатите ке можат да научат теоретски но и практично како се работи . Позавршената обука кандидатите ке се здобијат со сертификат за завршен курс, кој важи во Р. Македонија и рамките на ЕУ.
Стручни обуки
Обука за:
- Ѕидар
- Фасадер
- Гипсер-монтер
- Монтер на гасоводна инсталација
- Ракувач со багери, утоварни машини и булдожер
Пријавување
Пријавете се во Академија Силотер
Академијата се наоѓа во Струмица. Пријавувањето може да се изврши преку веб страницата или преку контакт телефон.
Компанијата располага со сопствена лабораторија за контрола на квалитет на тековното производството.
Основање на компанијата
Компанијата за производство на градежни материјали СИЛОТЕР е приватна компанија основана во 2012 година.
Градење на професионалност
Во изминатиот период СИЛОТЕР прерасна во современа и модерна фабрика за производство на градежни материјали. Во моментов располагаме со низа на производи кои можат да се сретнат на нашиот пазар и тоа повеќе видови на малтери за ѕидање и малтерисување, машинскималтер, декоративни малтери со шара или фулформа, малтери за порамнување итн.
Производи со реноме
Нашите производи ги исполнуваат нај современите градежни нормативи и се сосертификати за квалитет од реномирани градежни лаборатории.
Полека но сигурно Македонија почнува да го прати екот на модерната технологија. Силотер е производствена фабрика која се труди континуирано да имплементира новитехнологии, при што нуди ефикасни решенија во градежната индустрија.